Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево на патот Битола-Прилеп, а петмина се повредени.

Како што јави битолската телевизија Тера, во несреќата учествувале две возила „голф“ со битолски и прилепски регистарски ознаки.

Починатото лице е од село Граешница, возач на голфот со битолски регистарски ознаки, а во него се наоѓале уште четири лица ( три малолетни и едно полнолетно) кои се повредени и пренесени на клиниката во Битола.

Сообраќајот на патниот правец Битола-Прилеп е нормализиран околу 20:45 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/11/2017 08:22