Политики за сајбер безбедност – транспонирање на Директивата 2016/1148 на ЕУ, за обезбедување високо ниво на безбедност на мрежи и информациски системи, е темата на панел дискусијата што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на министерствата за информатичко општество и администрација и за одбрана.

Најавени се обраќања на вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, како и излагања на претставници од секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика од Министерството за внатрешни работи и од Агенција за електронски комуникации.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/11/2017 18:11