Ни претстои процес во кој мораме принципиелно, разумно и одлучно да пристапиме кон решавање на проблемите, меѓу другото и од т.н. проект „Скопје 2014“.

Ова денеска го потенцира скопскиот градоначалник Петре Шилегов на одбележувањето на 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје.

На одбележување на празникот, пред Споменикот на ослободителите на Скопје, на платото пред Владата, Шилегов потенцира дека е убава симболиката оваа прослава да биде покрај споменикот кој, како што рече, е подигнат во 1949 година, а направен од материјал на стопените споменици на поранешните владетели на Градот.

- За да се потсетиме дека Скопје има историја за справување со симболите од своето темно минато, рече Шилегов.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2017 01:02