Делегацијата на Европскиот комитет за економски и социјални прашања денеска во Скопје ќе одржи средба со граѓанскиот сектор на која ќе стане збор за предизвциите со кои се соочува НВО секторот и слободата на медиумите во Република Македонија.
Целта на средбата, како што најавуваат организаторите, е Европскиот комитет за економски и социјални прашања да ги чуе ставовите на невладините организации за моменталната состојба во Македонија и нејзиниот напредок на патот на евроинтеграциите.