Во аулата на Филолошкиот и Филозофскиот факултет во сабота почнува првата од серијата неформални трибини насловени „Визионирај“ на која ќе може да се споделат визии и идеи за подобрување на заедницата.
Иницијатори на серијата трибини се поетесата Ана Голејшка, која беше и иницијатор на #ретвитниоброк, и режисерот Милош Б. Андоновски кој е иницијатор на задолжителното воведување на театарската уметност како предмет во средните училишта.
Првата од серијата трибини е насловена „Верзии и визии“ и таа ќе почне од 15 часот, а влезот е бесплатен. Серијата трибини се организираат волонтерски.
Идејата на организаторите е трибините да се случуваат еднаш на три месеци и секоја да биде тематски одредена. Следната трибина предвидено е да се одржи во февруари.