Автобусот со кој се превезувале учениците се судрил со комбе. Тешко е повреден и возачот на автобусот. Поголем дел од повредените ученици се пуштени на домашно лекување.
Изутрината на патот Демир Хисар-Кичево во сообраќајка се повредени 30 основци од училиштето „Гоце Делчев“ од Демир Хисар. Автобусот со кој се превезувале учениците се судрил со комбе. Тешко е повреден и возачот на автобусот. Поголем дел од повредените ученици се пуштени на домашно лекување.
„Децата се испратени дома без некои потешки повреди. Еден од возачите е прегледан и без некои потешки повреди е пуштен дома, додека другиот е задржан на болничко лекување на Ортопедија. Има фрактура на карлицата и подлив на екстремитетите“, вели Зоран Лазарев, директор на Клиничката болница во Битола.
Сообраќајната несреќа се случи изутрината околу 07:30 часот на патот Демир Хисар - Кичево. Во автобусот се превезуваа 30-тина ученици од основното училиште „Гоце Делчев“ од Демир Хисар.