Федерацијата на фармери на Република Македонија (ФФРМ) денеска го одбележува јубилејот, 15 години постоење.

ФФРМ е основана во Кавадарци, каде се одржа и првото конститутивно собрание во јули 2002 година. Прво беше наречена Федерација на македонските фармери (ФМФ) и со неа раководеше претседателот Петко Златев.

Како структурен модел во 2004 година го зема примерот на шведските фармери и нивното организирање преку склучување договор за соработка со Шведската федерација на фармерите (ЛРФ).

Шведската агенција за развој (Sida) го препозна значењето на формирање ваква организација и заедно со ЛРФ во последните 10 години силно ја поддржува во исполнувањето на нејзината мисија и визија, како финансиски, така и со техничка поддршка, а најмногу преку размена на искуства.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2017 12:11