На редовната годишна средба на претставниците на земјите – членки на Европската мрежа за литература и книги ТРАДУКИ, која се одржува во Базел, Швајцарија, Република Македонија е едногласно примена во оваа мрежа, соопшти Министерството за култура.

На настанот, министерот за култура, Роберт Алаѓозовски ги потпиша формалните документи за членство, а нашата делегација веќе учествува полноправно во работните тела на ТРАДУКИ.

Со ова формално пристапување и членство, Македонија добива полноправен член во Управниот одбор на мрежата, кој ќе може учествува во донесувањето одлуки и да влијае на стратешките насоки за развој на мрежата, како и да лобира за добивање на поддршка за конкретни добри проекти од Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2017 15:49