Грантови за јакнење на капацитетите на граѓанските организации за креирање и следење на политики и поддршка на реформите во Поглавје 20, како и промовирање нови пристапи, механизми и инструменти од областа на претприемништвото и индустријата на локално и национално ниво, ќе добијат осум организации во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (YESNetwork +)“, финансиран од ЕУ.

На Инфо денот за повикот за доделување грантови, Софија Цали Кузманова од ПСМ Фондација рече дека е предвиден фонд од 60.000 евра за финансирање на осум проекти, од кои четири по 5.000 евра на локално ниво и четири по 10.000 евра на национално ниво.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2017 15:56