Осум лица, меѓу кои има и деца, денеска се затруле од храна во една позната сендвичарница во Делчево.

Како што дознава МИА, попладнево во Јавната здравствена установа „Гоце Делчев“ во Делчево лекарска помош побарале осум лица, кои се пожалиле на повраќање откако конзумирале храна од сендвичарницата.

Осуммината веднаш биле пренесени во Медицинскиот центар во Штип. Тие се хоспитализирани и се наоѓаат во стабилна здравствена состојба.

Во угостителскиот објект на увид биле испратени претставници од Епидемиолошката служба - Делчево, Заводот за здравствена заштита - Кочани и Државниот здравствен инспекторат.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2017 02:24