Министерството за труд и социјална политика преку Меѓуопштинскиот центар за социјална работа времено ќе ги згрижи лицата кои живеат под Кале.
Одлуката за времено згрижување на овие лица ја Донела Владата откако на вчерашната седница ја разгледала Информацијата за утврдување на мерки за времено згрижување на затекнатите лица под Кале.
– Владата го задолжи Министерството за труд и социјална политика да обезбеди задолжително вклучување на сите сместени лица во Програмата за поддржаното живеење, преку која на сместените лица ќе им се помогне да добијат адекватни услови за престој, различни форми и содржини на работа за стекнување на животни и работни вештини, со цел да бидат оспособени за самостојно живеење и интеграција во социјалната средина, информира владината прес-служба.