Јавните претпријатија „ЈСП“,„Водовод и канализација“ и „Улици и патишта“ кои се под надлежност на Град Скопје, добија нови директори.

Со одлука на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, нов директор на „ЈСП – Скопје“ е Кристијан Чушков, Сенад Смаиловиќ на ЈП „Улици и патишта“ и Душко Весковски ќе го замени Александар Атанасов од ВМРО-ДПМНЕ на директорската позиција на „Водовод и канализација“.

Ова се првите промени на директорски позиции од доаѓањето на новиот градоначалник. Во наредниот период се очекува промена на директорите и во останатите јавни претпријатија кои се под надлежност на Град Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/11/2017 12:26