Лекар и медицинска сестра вработени во поликлиниката Чаир се физички нападнати од скопјанец кој ја донел внуката со грчеви во стомакот.
Инцидентот се случил вчера околу 12:40 часот кога Е.С. заедно со својот брат ја донеле внуката во поликлиниката. До нарушување на јавниот ред и мир дошло откако од страна на лекар на Детското одделение им било кажано дека со возило на брза помош детето треба да се однесе на Детската клиника. Побарано било телефон од Итната медицинска помош, но истите не се јавиле веднаш на телефон, по што од страна на лекарот на Детското одделение лицата биле упатени да се јават лично во пунктот на Итната медицинска помош во склоп на поликлиниката. Во тој момент, Е.С. почнал да вика и да удира на вратата по што упатил закани кон медицинската сестра Н.Е. Потоа излегол лекарот А.Н. кој бил туркан, влечен и добил закан по животот од страна на Е.С. доколку нешто му се случи на детето.
Од родници на детето, Е.С. бил отстранет, а лекарот со медицинскиот персонал го превзеле детето.
По целосното расчистување и документирање на настанот против пријавениот ќе следи соодветен поднесок.