Изборот на претседател на Советот на Општина Гостивар се уште е неизвесен откако во три наврати беше побарано да се прекине конститутивната седница.
По изборот на членовите на комисијата за верификација на мандатите, седницата повторно беше прикината по барање на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, со образложение дека им се потребни дополнителни консултации.
На седницата беше евидентно разногласие во гласањето за повеќето предлози. Според бројот на гласови, коалицијата на Беса, Алијансата и ДНЕТ засега нема мнозинство и можно е градоначалникот да ја нема довербата на мнозинството во советот.