Шеснаесетгодишен ученик вчера бил претепан на автобуската постојка во близина на Народна банка на РМ.

Како што е наведено во полицискиот билтен, таткото на ученикот вчера во 15:30 часот во полиција пријавил дека околу 13:00 часот, неговиот 16-годишен син од скопското село Побожје, ученик во средно училиште, додека чекал на автобуската постојка во близина на Народна банка на РМ, заедно со негови другари, бил физички нападнат од неколку лица на возраст од 16-17 години.

Од нападот малолетникот се здобил со видливи повреди, а се пожалил и на болки во главата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/11/2017 15:42