Членот на Советот на Град Скопје од советничката листа на ДУИ, Енвер Малиќи ќе биде новиот заменик-градоначалник на Скопје.

– Со ова решение Малиќи ќе го заменува градоначалникот на Град Скопје во време на спреченост или отсуство, односно ќе ги извршува сите обврски и ќе ги има сите овластувања во надлежност на градоначалник во согласност со закон, информира Град Скопје.

Тој е сопственик на компанијата „Гемак Трејд“ и хотелот „Парк Хотел и Спа“.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/11/2017 16:29