Најавената забрана за движење возила на патот до Средно Водно ќе се воведе од наредниот викенд, односно 25 и 26 ноември 2017 година, извести Град Скопје.

Според планот, оваа забрана ќе важи во еден правец, од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркиралиштето кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно. Ќе биде на сила во викендите и на државните празници, а се однесува на сите возила освен на тие на ЈСП, полицијата, пожарникарите, брза помош и на штабовите за итни интервенции.

Истовремено со воведувањето на забраната, Град Скопје воведува две нови пробни автобуски линии со броебите 25а и 25б. Тие ќе сообраќаат од своето поаѓалиште без застанување сè до Средно Водно. Едната автобуска линија ќе тргнува пред катната гаража на улицата Свети Кирил и Методиј, а втората ќе тргнува од паркиралиштето кај Цветниот пазар.

Покрај новите линии, граѓаните може да ги користат и двете постојни, со броевите 25 и 28.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/11/2017 16:37