До денеска до 13 часот до архивата на Град Скопје се доставени 133 барања за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Скопје за купување печки на пелети.

Комисијата веќе почна да ги разгледува пристигнатите барања и наскоро ќе врши увид на инсталираните печки кај барателите коишто ги исполниле условите наведени во објавениот Јавен повик.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/11/2017 07:41