Насир Муслиу од редовите на ДУИ е новиот претседател на Советот на општина Гостивар со поддршка на СДСМ, ДУИ и НДП. Тој беше избран со мнозинство гласови од присутните членови, по три паузи за коордницаија на советничките групи.

Конститутивната седница на новиот состав, која како што беше најавено требаше да има свечен карактер, се одвиваше со забелешки и неколку барања за пауза заради координијација.

Доскорешниот претседател на Советот, беше предложен и избран со 16 гласови на членови на Советот, а двајца гласаа воздржано. На точката за избор на претседател на Советот не присуствуваа коалицијата на Алијансата за Албанците, Беса и ДНЕТ. Откако барањето на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за одложување на седницата, не беше прифатено, тројцата членови на групата ја напуштија седницата.

– Се заблагодарувам на поддршката и довербата на колегите за изборот и најавувам соработка и транспарентно работење, без поделби по која било основа. Не го оправдувам начиниот на кој останатите членови на советот постапија, а ќе побараме и одговорност од локалната власт, затоа што не ги обезбедија потребните услови за одржување на седницата. Ненајавено го повлекоа преведувачот и службите кои водат записник и ги пребројуваат гласовите, изјави Насир Муслиу новоизбраниот претседател на Советот.

Новото мнозинство и коалиција на локално ниво ја потврди и координаторот на советничката група на коалицијата предводена од СДСМ и отоврено го критикуваше, како што рече попречувањето на работата на советот.

– Соработката и коалицијата која ја имаме на централно ниво со ДУИ ја потврдивме и денес на локално ниво. Да, ние сега го имаме мнозинството и во иднина ќе работиме за доброто на градот, согласно нашите предизборни програми. Јас сум разочаран од односот на колегите од Алијансата и ВМРО-ДПМНЕ кои ја напуштија седницата, рече Зоран Ангелов од СДСМ.

Конститутивната седница на новиот состав на Советот на ошпштина Гостивар започна утрово во 10 часот и по повеќе од пет часа беше прекината. Продолжението на седницата ќе биде дополнително закажано.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/11/2017 07:47