На денешната седница владата го разгледа и усвои предлог–законот за изменување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување. Оваа предлог одлука е донесена за да се обезбеди непречено задолжителното социјално осигурување на категоријата „индивидуален земјоделец“, односно на лицата на кои земјоделската дејност им е единствено занимање и кoи остваруваат приход по основ на вршење земјоделска дејност.
Со оваа одлука се предвидува и корекција на висината на највисоката месечна основица за пресметување и уплата на придонесите за примањата од работен однос од еден обврзник за пресметка и уплата на придонеси.
На предлог на Министерството за здравство на денешната седница на владата беше разгледан и усвоен предлог–законот за изменување на Законот за здравственото осигурување, со кој се предлага промена на категоријата на осигуреници „носител на семејно земјоделско стопанство“ во категорија на осигуреници „индивидуални земјоделци“ со цел нивно непречено внесување во системот на задолжителното социјално осигурување.