Безживотно тело е забележано денеска во водите на Охридското езеро во близина на плажата „Бафало бич“ кај мостот на каналот „Студенчишта“.

Телото, како што информираат од охридската полиција, во 11 часот и 55 минути го забележал случаен минувач кој се движел на пешачката патека од мостот кај каналот „Студенчишта“ кон „Парк“ на околу два метри оддалеченост од брегот. Настанот веднаш го пријавил во езерската полиција.

На местото каде е пронајдено безживотното тело се врши увид предводен од Јавен обвинител и олициски екипи од СВР Охрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/11/2017 10:27