Посмртни останки на албански жртви од масакри од 1913 година па сè до Втората светска војна кои беа пронајдени во гробници денеска беа погребани во Зајас, Кичево.

По барање на Организацискиот совет за откривање на злосторствата врз Албанците во минатиот век, Али Ахмети, како иницијатор на активностите за расветлување на геноцидните злосторства врз Албанците, одржа говор пред присутните при што побара солидарност од Македонцит бидеќи, наведе, и врз нив имало злосторства. Затоа ќе инсистираме да се носи резолуција во Парламентот за осуда на геноцидот кој е направен врз Албанците пред 104 години. Нека не се плаши никој бидеќи нема да бараме надомест бидејќи нивните животи неможат со ништо да се надоместат, рече меѓудругото Ахмети.

Краток говор одржа и вицепремиерот Хазби Лика кој истакна дека со почитувањето на овие жртви се порачува да не се повторат вакви злосторства.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/11/2017 11:01