Поранешниот Премиер и актуелен пратеник Емил Димитриев, на својот фејсбук профил објави дека веќе се подготвени измените и дополните на Законот на ловство и истите се поднесени во Собранието на Република Македонија.
Покрај ова тој истакна и дека поголем број од промените се всушност барања на Ловечката федерација, концесионерите на дивеч и ловишта како и од самите ловци.
„Предлагаме повеќе измени и дополни на Законот за ловство. Дел од нив се измена на начинот за доделување концесии за дивеч, начинот на полагање ловечки испит, видови на забранет дивеч и календар за лов, регулирање на статусот ловец, и други новини кои произлегуваат од барањата на Ловечката федерација, концесионерите на дивеч и самите ловци. Добар поглед...“ напиша Емил Димитриев.
Во продолжение можете да ги прочитате сите измени предложени со Законот за изменување и дополнување на Законот за ловство.