Седмото издание на „Недела на дизајн во Скопје“ ќе биде отворено в среда во Центарот за дизјан и иновации „Јавна соба“. Публиката до 26 ноември ќе може да ги погледне последните достигнувања на младите таленти од Македонија и регионот.
Тема на годинашното издание на „Неделата на дизајн во Скопје“ е „Звукот на материјалите“, а земја во фокус е Унгарија, од каде доаѓа изложбата „Обликување на Унгарија - дизајнот во 21. век“.
Преку оваа изложба во „Јавна соба“ ќе се претстават 25 современи млади индустриски дизајнери, инватори и инженери, кои на најдобар начин потврдуваат дека се потомци на генерацијата од 20. век која ги постави темелите на унгарската креативност.
„Јавна соба“ како организатор на седмото издание на „Неделата на дизајн во Скопје“ денеска организира средба со медиумите, на која ќе биде претставена програмата на манифестацијата и позиционирањето на младите дизајн брендови.
Најавено е присуство на унгарскиот амбасдор во Македонија Ласло Истван, Жарко Конески од Британски совет и Марија Нововиќ Јовановска од „Skopje Design Week“.