Градот Скопје во претстојниот период ќе спроведе голема акција за чистење на улиците со цел намалување на загаденоста, која ќе се спроведува во сите општини во Градот во период од 20-тина дена.

Освен јавните претпријатија со нивната механизација, во акцијата ќе бидат ангажирани и невработени лица како дополнителна работна сила. Овие лица ќе бидат ангажирани во соработка со Министерството за труд и социјалана политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија. На ангажирните лица ќе им биде обезбеден хонорар, надоместок за храна и платен автобуски превоз.

– Почнуваме од Бутел, па продолжуваме во сите општини во градот, по ден-два за секоја општина во зависност од големината. Откако ќе завршиме со чистењето на општините, ќе преминеме на чистење на кејот на реката Вардар, изјави градоначалникот Шилегов пред новинарите.

Ова претставува една од краткорочните мерки за намалување на загадувањето во градот. Планирано е да се исчистат и измијат улиците од прашината која со години се таложи.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/11/2017 18:32