„Слобода и приватност“ е тема на 13. Меѓународна конференција „е-Општество.Мк“ што денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Метаморфозис.

Конференцијата ќе биде можност за вмрежување и споделување искуства меѓу претставниците на институциите и медиумските организации овозможувајќи им предуслови за меѓусебна комуникација. Крајната цел е придонес во исполнување на реформските приоритети, како услов за пристап на Република Македонија во ЕУ, преку идентификација и елиминација на пречките за демократскиот развој на медиумскиот сектор.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/11/2017 11:48