Градоначалникот Петре Шилегов и заменик – градоначалникот Енвер Малиќи упатија честитка по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука.

Негувајќи ја културната различност, го вреднуваме јазикот како обележје на припадност на една заедница. Стандардизирањето и унифицирањето на азбуката се едни од процесите врз кои се градат културните идентитети на народите. А културните зачетоци се водилка на еден народ.

На 22 ноември 1908 година на Битолскиот Конгрес е унифицирано писмото на Албанците.

Денес, 22 Ноември го одбележуваме како ден на современата албанска азбука. Ова е ден кој треба да не потсети на важноста на јазичните, етничките и на културните различности на едно современо, мултикултурно и мултиетничко општество.

По тој повод, на нашите сограѓани од албанската заедница им го честитаме 22 Ноември – Денот на албанската азбука.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/11/2017 13:35