Едно лице е повредено денеска откако возилото со кое управувало излетало од автопатот Скопје - Велес.
Како што соопшти МВР, сообраќајната несреќа се случила околу 12 часот на автопатот Скопје - Велес после тунелот.
- Патничко возило марка „сеат кордоба“ излетало од автопатот. Повредениот возач со хеликоптер бил префрлен во Ургентниот центар во Скопје, информираат за МИА од МВР.
Од Ургентниот центар потврдија дека лицето кај нив е донесено со хеликоптер и оти во тек се дијагностички иследувања по што ќе се знае на која клиника ќе биде префрлен.
Сообраќајот на таа делница од автопатот Скопје - Велчес не е во прекин.