Тркалезна маса на тема „Бегалската криза во Македонија, моментална состојба, предизвици и идни чекори“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ.
– Целта на настанот е заедно со институциите да се адресираат најважните моментални проблеми и предизвици и да се креираат решенија и препораки за нив, за да се зголеми почитување на правата на бегалците во Република Македонија, соопшти организаторот.