Зголемување на нивото на имплементација на Стратегијата за Ромите 2014-2020 и Националните акциони планови за домување, вработување, здравство, образование и зајакнување на положбата на жената Ромка, е темата на Работниот состанок за социјална инклузија на Ромите во Република Македонија што ќе се одржи денеска во Скопје.

На состанокот ќе се обратат министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија Самка Ибраимоски и советник координаторот за ромски политики во Директоратот за проширување и добрососедска политика при ЕК, Марта Гарсија Фидалго.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2017 11:06