Бегалците што пристигнуваат во Табановце најчесто се поврзуваат со криумчарски групи за да најдат илегален излез од територијата на Македонија. МВР треба да ги мониторира оние подрачја каде што има информации дека циркулираат криумчарски групи со цел да се следи што се случува со тие луѓе.

Ова денеска го истакна директорката на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска на тркалезна маса „Бегалската криза во Македонија, моментална состојба, предизвици и идни чекори“.

– Постојано апелираме на тоа дека луѓето ги снемува од камповите и добивме одговор дека МВР ќе презема повеќе мерки со цел да го следи движењето на бегалците кои од Табановце се движат кон околните села, бидејќи најчесто тие секогаш стануваат жртви на секаков вид злоупотреби, меѓу кои е и трговијата со луѓе, вели таа.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2017 12:57