Забраната ќе важи за време на викенди, сабота и недела, и за време на државните празници. Нема да се однесува на автобусите на ЈСП Скопје, возилата на полицијата, противпожарната бригада, итната медицинска помош, возилата на штабовите за итни интервенции, како и на возилата со посебни одобренија.

Се воведува забрана за движење моторни возила на патот до Средно Водно. Забраната ќе важи во еден правец, од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно.

Забраната ќе важи за време на викенди, сабота и недела, и за време на државните празници. Нема да се однесува на автобусите на ЈСП Скопје, возилата на полицијата, противпожарната бригада, итната медицинска помош, возилата на штабовите за итни интервенции, како и на возилата со посебни одобренија.

Со цел да им се излезе во пресрет во граѓаните кои се рекреираат на Водно, градските власти од утре воведуваат бесплатен превоз на патници на автобуската линија број 25 (Транспортен Центар – Средно Водно) и бесплатни пробни линии 25 А (Авто Македонија – Средно Водно) и 25 Б (Цветен Пазар – Средно Водно) за време на викенд (сабота и недела) и државен празник.

Се предвидува и бесплатно паркирање во катната гаража „Македонска фаланга“ и паркингот „Дом на печат“ за граѓаните кои имаат намера да ја посетат парк-шумата Водно, движејќи се пеш или користејќи го бесплатниот превоз на автобуска линија бр. 25 и пробните линии бр. 25А и 25Б.

Ова е предвидено во Одлуката за утврдување краткорочни мерки за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух на подрачјето на Скопје што ја донесе Советот на Град Скопје на својата втора седница, што се одржа на 20-ти овој месец.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2017 12:19