Здружението „Хепар центар“ -Македонија со седиште во Битола со повеќе активности ја реализира акцијата Европската недела за тестирање на хепатитис и ХИВ, како и акцијата Европската недела за подигнување на штетноста од алкохолот.

Во рамки на програмските акции организаторот приреди тематски предавања за хепатит, ХИВ и алкохол кои пред студенти на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г.Р. Державин“ - Битола ги одржааа примариус д-р Елеонора Адамовска епидемиолог и Милан Мишковиќ претседател на „Хепар Центар“.

- На предавањата беше нагласена потребата од здружување на силите на локално, национално и европско ниво со цел дејствување преку заеднички стратегии да се искорени хепатитот како опасен јавно-здравствен проблем.

- Новата иновативна терапија, што за првпат во историјата се употребува за лечење на овој вирус, е скоро сто проценти ефективна и создава можност за уништување на еден толку опасен и тивок вирус. Покрај тоа што се употребува како лек, се работи за терапија која што претставува превентива во однос на карциномите и хепатоцелуларниот карцином, но исто така овозможуваа намалување на трансмисијата на вирусот, посочи Мишковиќ претседател на „Хепар центар“ - Македонија и потпретседател на организацијата ЕЛПА.

Според информациите на „Хепар центар“ - Македонија на глобално ниво со хроничен хепатит се заболени над 325 милиони луѓе.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2017 12:20