Интересот е голем и кај љубителите на класичното пазарување, но и кај интернет купувањето преку македонските електронски продавници. Но, купувачите се сомневаат во реалноста на попустите, за кои велат дека се “лажна узбуна” во споредба со другите земји, особено со Америка.
За некои шопинг манијата стартува уште на полноќ кога им се крева адреналинот во исчекување на овој ден кога можат да си купат брендирано парче облека, чевли, телевозор, мобилен телефон…..по многу ниски цени до 90 проценти, практично за џабе.
На интернет страниците на познатите скопски трговски центри, на дуќани низ градот, пред се оние за техничка стока, се постирани известувања за Црн петок кој традиционално во светот и кај нас се одржува последниот петок во месец ноември, а годинава е на 24-ти.
Интересот е голем и кај љубителите на класичното пазарување, но и кај интернет купувањето преку македонските електронски продавници.
Намалувања на цените прави кој како ќе стигне и во трговијата и во услугите, и тоа без некој распоред. Акцијата предизвикува задоволство и кај купувачите и кај продавачите: продаваат редорден број на уреди во еден ден, по најниски цени. Телевизори, бела техника, лаптопи, мобилни телефони, мали куќни апарати, можат да се купат по неверојатно ниски цени.
Граѓаните велат дека при избирањето на производите за акцијата, трговците се раководат од досегашното повеќегодишно искуство на попуст да стават она што купувачите најмногу го бараат, па ќе им ги понудат токму тие производи по исклучително ниски цени.
За разлика од кај нас, во Америка шопинг грозницата почнува на “Блек фрајдеј” и трае се до Божиќните и Новогодишните празници. Редици пред големите трговски центри почнуваат уште во четврток навечер, бидејќи огромен број трговски ланци ги отвораат вратите на полноќ или два часа по полноќ за илјадниците луѓе кои во редици чекаат од рано попладне. Списокот на работи кои можат да се најдат на овие распродажби им нема крај…од ЛЦД телевизори од 42 инчи за 199 долари, до телефони, таблети, вградливи камини за ептен џабе.
Извор: Скопје инфо