Маркетинг агенцијата „Идеа плус“ попладнево соопшти дека во сабота ќе биде затвoрен дел од улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје.

Во периодот од 20:00-03:00 ќе биде затворена десната лента од оваа улица на потегот од булевар „Мајка Тереза„ до улица „Герман“.

Прекинот во сообраќајот од овој дел од улицата ќе биде поради организација на настан за потребите на агенцијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2017 12:46