Наградата „Најдобар млад бренд“ од Македонија на „Неделата на дизајн“ во Скојпе годинава беше доделена на „Пастело“ од Куманово.

„Пастело“ е млад бренд во Македонија, мала компанија составена од ентузијасти од Куманово. Инспирацијата потекнува директно од “звукот на материјалите”, спојот помеѓу дрво, челик и јаже. Финалниот производ е безвременски одржлив дизајн на елементи за осветлување и мебел.

– Градење на еден бренд значи вбризгување на еден вид персоналити инженеринг преку кој тој добива свои особини и на тој начин автентично комуницира со својата публика. Оттука, ПР агенцијата Навигаторс за Пастело, обезбедува едногодишна консултантска поддршка во областа на маркетингот, бесплатна комуникациска стратегија и едномесечна кампања, соопштуваат од Неделата на дизајн.

Ова е последна активност од седмото издание на Неделата на дизајн во Скопје каде земја во фокус беше Унгарија.

Наредното осмо издание е веќе будно се подготвува, а земја во фокус за 2018 година е Германија.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2017 01:05