Засега непознато лице создало лажен Инстаграм профил на обвинителката во Специјалното јавно обвинителство Фатиме Фетаи, за МИА информираат од ова обвинителство

Веднаш по откривањето на лажниот профил случајот е пријавен до наделжните органи во Министерството за внатрешни работи. „Станува збор за класична злоупотреба на идентитетот на обвинителката Фетаи, при што овој лажен профил е искористен во јавноста да се пласираат ставови за актуелни настани со цел да им се наштети на угледот на обвинителката и на самото Специјално јавно обвинителство“, наведуваат од СЈО.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/11/2017 00:46