Сектор за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против К.З.(61) од Струмица за сторено кривично дело „мачење животни“.

Според полицијата, на 26 ноември тој од село Борисово до продавнiца во селото Мокриево со метален синџир го врзал своето куче за задната страна на возилото и додека го управувал возилото го влечел домашниот миленик.

Случајот го пријавија граѓани, како и Здружението за заштита на животните „Анима мунди“, кои реагираа по страшната глетка што ги шокира жителите на Струмица.

Според нив, познат струмички доктор врзал за својот автомобил мало кутре и го влечел додека возилото било во движење. Сведочат дека кучето било влечено до изнемоштување и умрело задавено.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/11/2017 16:07