Полициската станица Кочани поднесе кривична пријава против К.Л. (39) од село Облешево, Чешиново - Облешево, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во 2014 година, пријавениот во својство на градоначалник на посочената општина искористувајќи ја својата службена положба ги пречекорил границите на своите овластувања постапувајќи спротивно на Законот за јавни набавки, на тој начин што без да спроведе јавна набавка го избрал правен субјект од Скопје да изврши воздушно снимање со дрон за време на тридневните активности за одбележување на празникот на општината „Мала Богородица“. На 10.12.2014 година, пријавениот на правното лице му исплатил фактура, со што го оштетил буџетот на општината за износ од 87.084 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/11/2017 16:17