СВР Скопје поднесе кривична пријава против 42-годишната Ј.И. од Скопје поради основано сомневање дека претставувајќи се како адвокат и мамела граѓани дека ќе им го намали данокот на промет на куќа, а средствата што требало да ги уплати за данокот ги присвојувала.

– Во периодот од јуни до август 2017 година пријавената преставувајќи се како адвокат наводно вработена во адвокатска канцеларија како адмистративен службеник, со лажно прикажување и прикривање на факти, измамила лица лажно ветувајќи им дека ќе им го намали данокот на промет за куќа, како и дека ќе изврши уплата за данок на имот за куќа на оштетен. Добиените парични средства за услугите ги потрошила за лична потреба, со што се стекнала со противправна имотна корист во вкупна вредност од 120.600 денари, соопшти МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/11/2017 16:25