Во ЕУ инфо центар денеска ќе се одржи завршен настан за проектот „Подготовка на детален дизајн и тендерска документација за изградба на нова железничка делница Кичево – Република Албанија како дел од Коридорот 8 и тендерска документација за надзор на градежните работи“.
Со проектот ЕУ обезбеди 7,7 милиони евра за изработка на детална проектна документација и тендерска документација за изградба на новата железничка линија во должина од 63 километри.
Линијата ќе почнува пред Железничката станица во Кичево и ќе се протега низ општините Кичево, Дебарца и Струга до границата со Република Албанија.