По вчерашниот дожд кој почна вчера попладне надојде реката Вардар во центарот на Скопје, поплавен е скејт паркот.

Од Управата за хидрометеоролошки работи последната објавена информација е од синоќа во 21 часот, подготвена од раководителот на одделението за хидрологија на површинските води, Васко Стојов. Во неа се вели дека се очекуваат пообилни врнежи во Полошко и во западниот дел од Скопје, и дека во овие делови, но и во други региони на државата, се очекува брзо растење на помалите реки и на суводолиците.

Од Центарот за управување со кризи утрово известија дека вчера околу 20 часот биле примени повеќе податоци од граѓани од Тетово и од Мала Речица, на кои им се поплавиле подрумите и магацините. Поплавените биле кај касарната, во Ајдучко маало и во околните зони на градот. Биле известени локалните јавни претпријатија.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2017 12:36