Спортското риболовно здружение „Кочански рибар“ од Кочани со финансиска помош што ја доби неодамна, реализираа уште едно порибување на езерото Градче крај Кочани.
Ова порибување, што е последно за годинава, беше реализирано со помлади парчиња крап, набавени од специјализирано мрестилиште во Неготино.
- Во езерото Градче со оваа последна акција за порибување пуштивме количина на риба од 165 килограми, околу илјада парчиња, со 250-300 грама тежина на крап, изјави Димитар Димитров, претседател на Спортско риболовното здружение „Кочански рибар“.
Со ова порибување, кое е четврто за годинава, целосно се исполнува програмата за работа за годинава. Збогатувањето и заштитата на рибниот фонд ќе продолжи и во наредната година.