Хавиер Маскерано, фудбалерот на Барселона, изјави дека на неговото време во клубот му се ближи крајот и дека големи се шансите на крајот на сезоната да ја напушти Каталонија.

„Мислам дека мојата кариера во Барселона наскоро завршува. Имам чувство дека веќе немам што да му дадам на клубот. Овде поминав преубави години и тоа никогаш нема да го заборавам“, изјави Маскерано за ЕСПН и додаде дека припаѓа на групата луѓе кои знаат кога е вистинско време да се повлечат.

На Аргентинецот договорот со Барселона му истекува на 30-ти јуни 2019 година.

Маскерано во Барселона направи трансфер во последните денови од преодниот рок во 2010 година од Ливерпул, а во дресот на каталонскиот клуб освои 17 трофеи, вклучувајќи ги двата во Лигата на шампионите и четирите во Ла Лига.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2017 19:53