Претседателот на Управниот одбор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге ги коментираше информациите за можно продолжување на договорот со голманот на тимот Мануел Ноер.

- Не знам дали ќе го продолжиме. Но, сите во клубот знаат колку тој е важен за Баерн. Речиси е неверојатно како Ноер сега се врати во фудбалскиот стил на Пеп Гвардиола, го цитира „Кикер“ Румениге.

Триесет и осумгодишниот Германец има актуелен договор со Баерн Минхен до летото 2025 година.

Ноер одигра 529 натпревари и прими 435 гола, а на 247 натпревари ја зачува мрежата чиста.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/10/2024 04:11