Деветнаесетгодишна девојка е во животна опасност по сообраќајката на улицата „Борис Трајковски“ во која учествувала како сопатник, а уште двајца нејзини врсници со помали повреди се пуштени на домашно лекување.

Од МВР информираат дека Д.З.(32) од Скопје вчера во 3 часот по полноќ управувајќи патничко моторно возило „Фиат Браво“ со скопски регистарски ознаки, удрил во метална бандера за улично осветлување и во автомобил „Тојота Јарис“, исто така со скопски регистарски ознаки.

По незгодата, сопатниците од возилото „Фиат Браво“ С.Л.(19), М.В.Т.(19) и К.М.(20) сите од Скопје, се пренесени во Ургентниот центар во Скопје, каде на С.Л. и се констатирани тешки телесни повреди и во животозагрозувачка состојба е задржана на лекување. Извршен е увид на местото на настанот.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2017 03:35