Денеска во Скопје почина проф.д-р Томислав Чокревски, универзитетски професор и поранешен министер за внатрешни работи во периодот од почетокот на 1996 до крајот на 1998 година.

Беше професор на Правниот факултет во Скопје, како и негов декан во 1991 и 1992 година. Од 1992 до 1994 година беше ректор на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Покрај министерувањето во МВР, тој бил и министер во владата на Социјалистичка Република Македонија, односно републички секретар за образование, наука и култура од 1967 до 1971 година

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека утре со почеток во 13 часот во Домот на АРМ (сала бр.4) ќе се одржи комеморативна седница.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/12/2017 03:24