Во тек е Јавниот повик за финансирање проекти и активности од областа на културата од интерес на Градoт Скопје за 2018 година.
Повикот ќе трае до 18 декември 2017 година, а може да се поднесат предлог-проекти за изведбени, музички и визуелни уметности, за уметности на нови медиуми, издавачка и библиотечна дејност, музејска дејност и промоција на културното наследство, меѓународна соработка, професионална, аматерска и младинска, како и проекти за поткатегории за секоја област.
Како што информира Град Скопје, на Јавниот повик имаат право да учествуваат уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата, здруженија на граѓани, фондации и други правни и физички лица што вршат дејност од областа на културата во согласност со Законот за култура и други позитивни законски прописи во Република Македонија.
Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени во „Службениот гласник на Град Скопје“ и на официјалниот веб портал www.skopje.gov.mk со објавување на Програмата за финасирање програми и проекти од областа на културата од интерес на Градот Скопје за 2018 година.
На www.skopje.gov.mk е објавен и Јавен повик за доделување средства за финансирање и поддршка на програмите на јавните установи од областа на културата основани од Градот Скопје, на кој осумте установи од областа на културата ќе можат да поднесат апликации за предлог проекти. Повикот ќе трае до 18 декември годинава.
Повикот за финансирање на јавните установи од областа на културата заедно со пријавата може да се подигне на http://skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=654