Две групи малолетници вчера се степале во Скопје по претходна расправија на социјалните мрежи.

Од полицијата информираат дека вчера околу 10 часот било пријавено дека на ул. „Коста Абрашевиќ“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка помеѓу две групи малолетници.

Од една страна биле 11 малолетници на возраст од 13 до 15 години (девет биле ученици од основното училиште „Лирија“, а двајца од средното училиште „Арсение Јовков“), а од друга страна биле 17 малолетници, исто така, на возраст од 13 до 15 години, сите ученици од основното училиште „7-ми Март“.

– Во тепачката двете групи си размениле удари со тупаници и клоци, а потоа фрлале со камења едни кон други, од што било оштетено едно приватно возило „Венто“ со скопски регистарски ознаки. До нарушувањето дошло поради меѓусебно нетрпение и расправија на двете групи на социјалните мрежи. Тие се сретнале на местото по претходен договор, се вели во информацијата во редовниот дневен Билтен на Министерството за внатрешни работи.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/12/2017 13:45