Од општина Аеродром информираат дека надлежните органи работат на лоцирање на кучето што нападна шест лица синоќа меѓу булеварите АСНОМ и „Јане Сандански“.

– Град Скопје, со екипите на јавното претпријатие Комунална хигиена, веднаш по пријавувањето на инцидентот излегоа на терен. Според општинската евиденција, досега нема регистрирани пријави за агресивно куче со тој опис на конкретната локација. Случајот е пријавен во МВР, наведуваат од општина Аеродром.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2017 22:40